• A-
  • A
  • A+
понеделник, 19 февруари 2018, 

Врховен ја укина пресудата за „Монструм“

Врховен ја укина пресудата за „Монструм“

Скопје, 24 ноември 2017 (МИА) - Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.

- Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот, жалбите се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинуваат, со што предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување, наведено е во денешното соопштение од Врховен суд.

На 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро беа убиени четири момчиња и еден рибар.

За „Монструм“ шест лица беа осудени на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам. дма/сд/16:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.