• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

УНХЦР: Не се исполнети условите за враќање на Рохинџите во Мјанмар

УНХЦР: Не се исполнети условите за враќање на Рохинџите во Мјанмар

Женева, 24 ноември 2017 (МИА) - Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) оцени дека условите за безбедно враќање на бегалците Рохинџи од Бангладеш во Мјанмар сѐ уште не се исполнети.

- Сегашните услови во областа Ракајн во Мјанмар не дозволуваат безбедно и трајно враќање на бегалците, рече портпаролот на УНХЦР, Адријан Едвардс, ден по постигнатиот договор меѓу двете земји за враќање на бегалците.

Едвардс рече дека бегалците сé уште ја напуштаат земјата, додавајќи дека многу од нив биле жртви на насилство и не сакаат да се вратат во уништените домови.

Властите на Бангладеш и Мјанмар потпишаа договор за враќање на неколку стотици илјади членови на муслиманското малцинство Рохинџи, кои избегаа од Мјанмар поради конфликтот. Портпаролот на УНХЦР оцени дека враќањето не треба да биде прерано и дека треба да се создадат услови за трајно и безбедно враќање.

Од крајот на август, повеќе од 620.000 Рохинџи избегаа во соседен Бангладеш, бегајќи од кампањата која следеше по неколку бунтовнички напади врз воени и полициски места во Мјанмар.

Во конфликтите на муслиманските бунтовници и војската во северозападниот дел на Мјанмар, за една недела загинаа 400 лица.

Рохинџите во Мјанмар се сметаат за „странци". Властите на таа земја, во кои 95 жители се будисти, не им го признаваат  државјанството.
 ир/гт/18:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...