• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Евакуација на метро станица во Лондон

Евакуација на метро станица во Лондон

Лондон, 24 ноември 2017 (МИА) - Една од најфреквентните метро станици во Лондон е евакуирана, откако беше пријавен инцидент.

На местото на настанот се присутни вооружени полицајци, кои ја пребаруваат метро станицата. 

Кон местото на настанот се упатени и возила на брза помош и противпожарни возила. На метро станицата каде се случил инцидентот не запираат возовите. Полицијата соопшти дека е затворена и улицата „Бонд“.

Очевидци тврдат дека луѓето панично бегаат од местото на настанот. Полицијата побарала од луѓето да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.

Корисник на Твитер напиша дека луѓето бегаат од станицата „Оксфорд Сркс“ и извикувале „бомба“.

Друга корисничка на Твитер, Чи Чи, напиша дека е затворена во соблекувална во продавница на „Зара“ додека „ситуацијата не биде ставена под контрола“. Таа напиша дека луѓе панично трчаат и влегуваат во продавницата.

Лондонската метро станица е „срцето“ на шопинг центарот на Лондон и е секогаш е полна со луѓе, посебно денеска, на „Црн петок“. ссм/гт/18:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...