• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Министрите Тренеска и Адеми разговараа за соработка со швајцарскиот кантон Тичино

Министрите Тренеска и Адеми разговараа за соработка со швајцарскиот кантон Тичино

Скопје, 24 ноември 2017 (МИА) - Министерката за образование и наука, Рената Тренеска-Дескоска, придружувана од министерот без ресор задолжен за дијаспора, денеска во Владата на Република Македонија во посета го примија претседателот на државниот совет и директор на директоратот за образование и култура на швајцарскиот кантон Тичино, Мануеле Бертоли.

Како што соопшти Владата на РМ, Бертоли, заблагодарувајќи се за средбата, истакна дека неговото присуство во Македонија е со цел да го промовира кантонот Тичино, како и да ја манифестира спремноста за соработката на кантонот со македонската влада.

Тој, меѓу другото, истакнал дека двете страни имаат многу заеднички теми во кои може да остварат успешна соработка во иднина, ставајќи акцент на практиките за подобрување на образовниот систем пред се.

Министерката Тренеска-Дескоска ја истакна одличната соработка која Република Македонија ја има со Швајцарија, пред се во полето на образованието, посебно нагласувајќи ја поддршката на швајцарската амбасада во Македонија, во подобрувањето на македонскиот образовен систем.

Како што се наведува, министерката ги посочи напорите на Владата да ги поврзе образовниот систем со бизнис секторот, за подобрување на образованието, а истовремено и на пазарот на трудот.

Бертоли и Адеми на средбата размениле информации за важноста на македонската дијаспора во Швајцарија. Тие се согласиле дека во дијаспората има потенцијал да биде клучен партнер во размената на идеи и за идната соработка на полето на образованието и во развојот на домашната економија, стои во соопштението од Владата. ев/18:47

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...