• A-
  • A
  • A+
понеделник, 11 декември 2017, 

Лондон: Нема докази за истрели на евакуираната метро станица

Лондон: Нема докази за истрели на евакуираната метро станица

Лондон, 24 ноември 2017 (МИА) - Лондонската полиција соопшти дека не се пронајдени докази дека било пукано од огнено оружје, поради што беше евакуирана метро станицата Оксфорд.

Метрополитен полицијата информираше дека не се лоцирани осомничени лица, ниту има посериозно повредени во инцидентот. Една жена е полесно повредена, додека бегала од лондонската метро станица.

Поради инцидентот беа затворени улиците Бонд и Оксфорд, но подоцна се повторно отворени.

„Полицијата одговори на инцидент кој се смета за поврзан со тероризам. Вооружени и невооружени полицајци се на местото на настанот и се справуваат со ситуацијата заедно со колгите од Британската сообраќајна полиција“, наведе претходно Скотланд јард.

Една од најфреквентните метро станици во Лондон беше евакуирана, откако беше пријавен инцидент со огнено оружје. ссм/зш/19:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Суданки казнети со 40 камшици оти носеле панталони

Дваесет и четири Суданки се соочуваат со казна од ...

Уругвај: Скара за во „Гинис“

Уругвај го собори Гинисовиот рекорд во печење скар...

Севернокорејскиот лидер го контролира и времето

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се искачи на н...

Италијанец го премина Тибар одејќи по јаже

Италијанскиот еквилибрист Андреа Лорени, одејќи по...