• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Дачиќ на Тилерсон: САД не може да ја смени политиката со кадар од старата администрација

Дачиќ на Тилерсон: САД не може да ја смени политиката со кадар од старата администрација

Белград, 7 декември 2017 (МИА) - Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ му кажал на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека промените во надворешната политика на САД не можат да ги донесат преставниците на стариот американски естаблишмент који ја бранат политиката од 1990 година, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Во краткиот разговор со Рекс Тилерсон на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена, Дачиќ истакнал дека е потребно да се направат одредени стратешки договори и дека Србија е подготвена отворено да разговара со новата американска администрација.

„Му свртев внимание, дека измените во американската политика треба да ги донесат само претседателот, потпреседателот и министерот за надворешни работи на САД, бидејќи преставниците на стариот естаблишмент неможат тоа да го направат бидејќи ја бранат својата политика од 1990 година“, се наведува во соопштението на српското МНР.

Дачиќ во разговорот со Тилерсон ја истакнал позицијата на Србија да со САД изнајде заеднички интереси. 

"Разговор со Тилерсон бил во функција на отворање на вратата, да на почетокот на следната година се оствари билатерална средба со него",  се вели во соопштението.

На маргините на министерскиот совет на ОБСЕ во Виена, Ивица Дачиќ имал средба и со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, кој ја потврдил неговата посета на Србија на 24 фебруари следната година. бо/зш/18:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...