• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Евакуација на 200.000 жители поради пожарите во Калифорнија (Видео)

Евакуација на 200.000 жители поради пожарите во Калифорнија (Видео)

Лос Анџелес, 7 декември 2017 (МИА) - Наредена е евакуација на 200.000 луѓе, поради четири големи пожари кои беснеат на потег од Лос Анџелес до крајбрежниот град Вентура во американската сојузна држава Калифорнија.

Пожарите досега уништија околу 150 куќи и зафатија голема површина. 

Првпат е наредена евакуација во областа Санта Барбара во Калифорнија, а автопатот помеѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен периодично поради пожарот што ја зафаќа трасата над автопатот. 

Околу 300 жители на крајбрежниот град Карпинтерија добија наредба да го напуштат градот пред изгрејсонце, додека пожарникарите се борат со пожарот само неколку километри од градот.   

Во текот на ноќта, послаби ветрови им овозможија на пожарникарите на терен успешно да го одбранат одморалиштето Охајо, каде 7.000 жители исто така добија наредба да се евакуираат. 

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува опасен налет на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски пропорции, како што претходно се очекуваше. паг/зш/18:43

###


  


       

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...