• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Директорот на ФБИ ги отфрли критиките на Трамп

Директорот на ФБИ ги отфрли критиките на Трамп

Вашингтон, 7 декември 2017 (МИА) - Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, ги отфрли нападите на претседателот Доналд Трамп, наведувајќи дека „нема пофина институција од ФБИ".

Реј денеска сведочеше пред правосудниот совет на Претставничкиот дом на САД, додека демократите и републиканците се расправаа околу важноста на нападите на Трамп упатени кон федералната полиција.

Пред неколку дена Трамп го нападна ФБИ, тврдејќи дека тоа е пристрасна институција чија репутација е „најлоша во историјата" и го повика Реј да ја „исчисти куќата“.  ир/зш/18:42

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ