• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Тројца мртви во нападот во училиште во Ново Мексико

Тројца мртви во нападот во училиште во Ново Мексико

Вашингтон, 7 декември 2017 (МИА) - Три лица го загубија животот во денешниот напад во средно училиште во американската сојузна држава Ново Мексико, вклучувајќи го и напаѓачот.

Шерифот Кен Кристесен изјави дека три лица, за кои се верува дека се ученици, се мртви во нападот во училиштетот Азтек. Тој не прецизираше дали напаѓачот е дел од тие три лица. Од друга страна, шефот на локалната полиција Мајк Хил, изјави дека три лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, но не соопшти дали станува збор за ученици или возрасни лица.

Локалните медиуми информираа дека во нападот има десетина повредени.

Локалната полиција реагираше по информацијата за пукотница во средното училиште, по што околните улици беа блокирани, а образовната установа евакуирана. И останатите школи во околината беа евакуирани и затворени.

Засега не е познато дали напаѓачот бил ученик, вработен или лице од надвор. Исто така, не се познати ни мотивите за нападот. ссм/зш/19:04

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...