• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Ал Каеда ја осуди одлуката на Трамп за Ерусалим

Ал Каеда ја осуди одлуката на Трамп за Ерусалим

Бејрут, 7 декември 2017 (МИА) - Исламистичката милитантна група Ал Каеда за Арапскиот Полуостров ја осуди американската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и ги повика своите борци да ги „збијат редовите“ во знак на поддршка за Палестинците.

Одлуката на  американскиот претседател Доналд Трамп е „јасен предизвик за муслиманскиот свет“, оцени Ал Каеда.

Терористичката групација ги повика исламистичките милитанти да ги „збијат редовите“  и да бидат подготвени да ги поддржат Палестинците, а муслиманите ги повика да помогнат со пари и оружје. ссм/зш/19:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ