• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Богатството на Американците се зголеми на 96.900 милијарди долари

Богатството на Американците се зголеми на 96.900 милијарди долари

Њујорк, 7 декември 2017 (МИА) - Растот на берзата и постојаното зголемување на вредноста на недвижнините го зголемија богатството на американските домаќинства на 96.900 милијарди долари, иако овие профити веројатно не се рамномерно распределени.

Федералните резерви соопштија дека вкупното богатство во САД се зголемило за 1.700 милијарди долари во период од јули до септември, по постојаното зголемување на богатството на Американците од Големата рецесија, кое во 2008 и 2009 година избриша една шестина од нивното богатство.

Вредноста на акциите на Американците се зголеми за 1.100 милијарди долари, додека вредноста на куќите и становите се зголеми за 400 милијарди долари. Вкупното богатство на домаќинствата ги вклучува тековните и штедните сметки, додека ја одзема вредноста на хипотеките и другите долгови. ир/зш/19:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ