• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Докторот на американските гимнастичарки осуден на 60 години затвор

Докторот на американските гимнастичарки осуден на 60 години затвор

Вашингтон, 7 декември 2017 (МИА) - Поранешниот долгогодишен доктор на американскиот гимнастичарски тим Лери Насар е осуден на 60 години затвор поради сексуално насилство, што го извршувал повеќе години, а чии жртви биле американските олимпијки Ели Рајсман, Габи Даглас и Мекајл Марони.

Повеќе од 125 жени го обвинија Насар дека сексуално ги злоупотребувал. Повеќето се занимавале со гимнастика, некои од нив на највисоко ниво, а некои за време на студирањето на Универзитетот Мичиген, каде што Насар, исто така, работел. Некои од нив биле малолетни.

Тој може да биде пуштен од затвор најрано за 25 години.

Судијката Росемари Аквилина по изрекувањето на пресудата најави дека казната ќе биде поголема од минималните 25 години. паг/зш/19:45

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ