• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Американскиот сенатор, обвинет за сексуално злоставување, најави оставка

Американскиот сенатор, обвинет за сексуално злоставување, најави оставка

Вашингтон, 7 декември 2017 (МИА) - Демократскиот сенатор Ал Франкен најави дека ќе поднесе оставка, откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување.

Франкен, поранешен актер и комичар, уживаше голема поддршка меѓу демократите, а во американските медиуми се спомнуваше и како можен кандидат на претседателските избори во 2020 година. Неговата репутација беше нарушена откако повеќе жени го обвинија за сексуално вознемирување и тоа од несоодветно допирање до насилни обиди да ги бакне.

Франкен денеска соопшти дека ќе поднесе оставка, но дека нема да престане да зборува за прашањата кои ги смета за важни.

- Знам дека не направив ништо со што би ја посрамотиол оваа институција...меѓутоа денеска објавувам дека во следните недели ќе го напуштам Сенатот, истакна 66-годишниот Франкен. ссм/зш/19:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...