• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Лавров: Пјонгјанг сака директни разговори со Вашингтон

Лавров: Пјонгјанг сака директни разговори со Вашингтон

Москва, 7 декември 2017 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека Северна Кореја сака директни разговори со САД за да побара гаранции за својата безбедност од Вашингтон, и додаде дека Русија е подготвена да интервенира во тие преговори.

Шефот на руската дипломатија рече дека желбата на Пјонгјанг му ја пренел на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, кога се сретнале на маргините на конференцијата во Виена.

- Знаеме дека Северна Кореја пред сѐ сака да разговара со САД за гаранциите за нејзината безбедност.  Ние сме подготвени да ја поддржиме и да учествуваме во медијацијата во таквите преговори. Нашите американски колеги, меѓу кои и Рекс Тилерсон, го слушнаа тоа, изјави Лавров.  ир/20:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ