• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Палестинскиот претседател не сака да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс

Палестинскиот претседател не сака да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс

Газа, 7 декември 2017 (МИА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас нема да се сретне со заменик- претседателот на САД, Мајк Пенс, подоцна овој месец.

Пенс, кој ќе направи турнеја низ регионот, побара средба со Абас на 19 декември во Витлеем.

-Таква средба (сепак) нема да има. (Пенс) Не е посакуван во Палестина, изјави Џибрил Раџуб, висок претставник на Фатах.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс потенцира дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, не е сигнал дека САД се повлекуваат од мировниот процес.

- Не знам која друга земја се подготвува да го следи нашиот пример, изјави Сандерс, додавајќи дека не е запознаена со плановите на другите земји. ир/20:57

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...