• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Лидерот на Хезболах повика на голем протест в понеделник против одлуката на Трамп за Ерусалим

Лидерот на Хезболах повика на голем протест в понеделник против одлуката на Трамп за Ерусалим

Бејрут, 7 декември 2017 (МИА)- Лидерот на Хезболах, шеикот  Хасан Насрала повика денеска на голем протест в понеделник против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
 
-
Ги повикувам сите на огромен народен протест, да ја осудиме американска агресија и неправедно решение и да изразиме солидарност со палестинскиот народ, рече шефот на моќното либанско шиитско движење, кое е главен сојузник на Иран и заколнат непријател на Израел.

Шеик Насрала, исто така, ги повика жителите на 12 палестински бегалски кампови во Либан да протестираат.

- Судбината на Ерусалим е клучно прашање во конфликтот на Блискиот Исток, рече лидерот на Хезболах.

Тој предупреди дека одлуката на САД “ги става под закана исламските и христијанските светињи", и повика „арапскиот и муслиманскиот свет да го поддржат новото востание на Палестинците и да им дадат политичка, финансиска и воена помош".  ир/ 21:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...