• A-
  • A
  • A+
среда, 13 декември 2017, 

Белата куќа не се откажува од средбата Пенс-Абас

Белата куќа не се откажува од средбата Пенс-Абас

Вашингтон, 7 декември 2017 (МИА) - Американската Администрација и натаму очекува да се одржи средбата меѓу потпретседателот на САД, Мајк Пенс и палестинскиот лидер Махмуд Абас, предвидена за 19 декември во Витлеем, соопшти вечерва Белата куќа.

- Потпретседателот се уште има намера да се сретне со Абас, како што е планирано. Можното откажување на средбата би било контрапродуктивно, оцени Белата куќа.

Реакцијата на Белата куќа следи по изјавата на претставникот на Движењето за ослободување на Палестина (Фатах), Џибрил Раџуб дека Абас ја откажал планираната средба со Абас.

- Таква средба нема да има. (Пенс) не е пожелен во Палестина, изјави Раџуб.

Откажувањето на средбата, што требаше да се одржи во рамки на турнејата на Пенс на Блискиот Исток, следи по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и издавањето наредба на Стејт департментот за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во „Светиот град“.

Трамп одлука

Таквата одлука на Трамп, Абас ја оцени како „повлекување на САД од мировниот процес на Блискиот Исток“.

Претходно, како што јави МИА, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека одлуката на Трамп не е сигнал дека САД се повлекуваат од мировниот процес. сп/23:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Косовско село украсено како од бајките

Косовското село Петершан, кое се наоѓа на неколку ...

„Хафингтон пост“ објави листа на 18 најдобри филмови во 2017 година

Американскиот весник „Хафингтон пост“ објави листа...

Затвореник им се предаде на властите по 20 години минати во бегство

Затвореникот Гасан Салех (66), кој пред 20 години ...

Писториус повреден во затворска тепачка

Некогашниот параолимпиец Оскар Писториус е повреде...

Почина американски војник кој пијан дезертираше во Северна Кореја

Американски војник, кој пред повеќе од половина ве...