• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис

Во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис

Скопје, 11 декември 2017 (МИА) Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, за надминување на разликите околу името.

Нимиц, утре во Брисел ќе одржи прес-конференција по средбите со преставниците на двете земји, во 12:15 часот во зградата на Регионалниот инфо центар за Западна Европа на ОН (UNRIC), соопшти МНР. 

Средбата, како што претходно најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

На разговорите во Брисел, Наумовски ќе го придружува дипломат од МНР, а во ист формат кој е договорен со Нимиц, ќе биде и од грчката страна.

Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, сугестии или предлог, иако грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014. нд/аа/19:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...