• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Сервер: Балканот по многу години повторно стана проблем

Сервер: Балканот по многу години повторно стана проблем

Сараево, 12 декември 2017 (МИА) - Американскиот експерт за Балканот,  Даниел Сервер, коментрирајќи го извештајот на американскиот невладин Совет за надворешни односи за потенцијалните закани за САД во следната година, изјави дека првпат по повеќе години Балканот повторно е проблем, иако има  држави во регионот кои се обидуваат да напредуваат. 

- Без оглед на напорите, постојат ризици. На Русите не им се допаѓа што прават Црногорците, имаме отпор на тој пат. Но, ништо ново не може да се каже за граѓаните на Балканот, Голем број луѓе се загрижени поради нестабилноста и мислам дека луѓето на Балканот сега имаат моќ да спречат некои работи и да се вратиме на стабилниот европски пат, бидејќи сепак имам држави кои се обидуваат да одат напред, како Србија и Црна Гора, наведе Сервер за телевизијата Н1.

Балкан

Според  Совет за надворешни односи според степенот на ризик за безбедноста, регионите се поделени на три кругови, а Западен Балкан се наоѓа во кругот број три.

- Во извештајот нема ништо што на луѓето на Балканот не им е познато. Имаше некои судири, како тој во македонскиот Парламент. Тоа може да се прошри или да се влоши ситуацијата, имате одредени исламистички екстремисти во Босна и Херцеговина, кои доѓаат од странство. Меѓутоа имаме и националистички екстремисти, кои сакаат оружје и судири. Мислам дека мора да се забележи дека првпат по многу години Балканот повторно стана проблем, истакна Сервер.

Тој истакна дека САД имаат поголеми проблеми од Балканот.

- Луѓето се загрижени, не само во овој регион, мислам на Источна Европа. Погледнете ја Полска, потоа руското дестабилизирање на балтичките држави. Тоа е глобален проблем. Балканот е само еден од регионите. Русите се делумно успешни, но не претерано, посочи Сервер.

БиХ

Тој истакна и дека се согласува со оценката на поранешниот висок претставник во БиХ, Волфганг Петрич, кој изјави дека БиХ е најслабата алка на Балканот.

- Мировниот процес во Косово тргна по побрзиот пат отколку БиХ. БиХ и понатаму страда поради Уставот, наметнат од Американците и мислам дека е тешко да се управува со држава во таква ситуација и тешко е да се реши овој проблем бидејќи ви е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот. Се тоа влијае врз животот. Мислам дека БиХ навистина е загрозена, пред се поради тоа што Додик бара поддршка од Русија, наведе Сервер.

Тој се осврна и на ситуацијата на Балканот по пресудите од  Хашкиот трибунал истакнувајќи оти тие не придонеле за помирување и оти се зголеми тензиите. 

- Не беше таква намерата кога се формираше Трибуналот, посочи Сервер. ми/23:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...