• A-
  • A
  • A+
четврток, 18 јануари 2018, 

Анкета: САД се покорумпирани откако Трамп е на власт

Анкета: САД се покорумпирани откако Трамп е на власт

Вашингтон, 12 декември 2017 (МИА) - Американците оценуваат дека општеството е многу покорумпирано откако на власт е Доналд Трамп, покажуваат резултатите од најновата анкета на „Транспаренси интерншнл“.

Приближно 60 проценти од испитаниците изјавиле дека во последните 12 месеци е зголемена корупцијата во САД, додека нивниот процент во јануари 2016 година изнесувал околу 30 отсто.

За 44 проценти од испитаницте корупцијата е треаен проблем во Белата куќа, што е за осум отсто повеќе во споредба со резултатите од минатогодишната анкета.

Анкетата покажува дека за Американците најкорумпирана институција е Конгресот.


Корупција.jpg

Во 2016 година половина од анкетираните изјавиле дека владината борба со корупцијата е неуспешна, додека нивниот процент годинава е 70.

- Нашите претставници не успеаја да не уверат во способноста на Вашингтон да биде во служба на населението. Луѓето продолжуваат да ги гледаат како претставници на интересите на една корпоративна елита, посочи портпаролката на  „Транспаренси интерншнл“, Зови Ријтер.

Таа додаде дека анкетата е реализирана по телефон, при што биле испитани 1.005 полнолетни Американци во октомври и ноември. ми/23:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...

Воз што лае пуштен во промет во Јапонија

Во Јапонија е пуштен во промет воз што преку звучн...

Ќе се снима ТВ серија за контроверзната книга за Доналд Трамп

Книгата на новинарот Мајкл Вулф, „Fire and Fury: I...