• A-
  • A
  • A+
петок, 19 јануари 2018, 

Трамп: Иранците ќе добијат поддршка од САД „во вистински момент“

Трамп: Иранците ќе добијат поддршка од САД „во вистински момент“

Вашингтон, 3 јануари 2018 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги поддржат иранските демонстранти „во вистински момент“.

- Голема почит за луѓето во Иран кои се обидуваат да се ослободат од нивната корумпирана влада. Ќе добиете повеќе поддршка од САД во вистинско време, напиша Трамп на Твитер.

Претставник на судската власт, пак, денеска соопшти дека еден граѓанин на европска земја е уапсен за време на антивладините протести во Иран. Тој не прецизира од која националност е уапсениот. 

 - Лицето е обучувано од европски разузнавачки служби и ги предводеше немирите, изјави Хамидреза Аболхасани, началник на окружниот суд. паг/гт/16:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...