• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

„Гугл“ скрил 19,2 милијарди долари на Бермудите

„Гугл“ скрил 19,2 милијарди долари на Бермудите

Брисел, 3 јануари 2018 (МИА) – Американската компанија Гугл префрлила 19,2 милиајрди долари на Бермудите во 2016 година што им овозможило заштеда на повеќе од три милијарди долари на даночна основа.

Користејќи даночни „дупки“, Гугл префрлил седум отсто повеќе пари отколку во 2015 година, остварувајќи заштеда од 3,7 милијарди долари, објави Економик тајмс.

За да „заштити“ профит остварен во странство од одданочување, речиси сиот приход од една филијала во Ирска, Гугл го префрлил на компанија во Холандија (без вработени) и потоа на Бермудските Острови, каде на компаниите не им се наплатува никаков данок.

И покрај критиките за таквата даночна шема, праксата на Гугл е целосно законска.

– Ние ги плаќаме сите даноци во согласност со даночните закони во секоја држава во светот во која работиме, нагласува портпарол на Гугл во изјава за американски медиуми. зш/16:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...