• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Анализи: Само една венчавка ќе и донесе на Британија половина милијарда фунти

Анализи: Само една венчавка ќе и донесе на Британија половина милијарда фунти

Лондон, 3 јануари 2018 (МИА) – Венчавката на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл може да и донесе на британската економија 500 милиони фунти кога странски и домашни туристи ќе ја следат свадбената свеченост, проценува Државната канцеларија за статистика.

Принцот Хари, внук на Елизабета Втора и петти во низата наследници на британскиот престол, ќе се венча со Маркл на 19 мај во замокот Виндзор, кралска палата која е дом на британските монарси речиси илјада години.

Според Државната канцеларија за статистика, венчавката на Вилијам и Кејт во април 2011 година и донело на Британија 350.000 туристи повеќе во однос на истиот месец претходната година.

Консултантите од Бренд фајненс најавуваат сличен раст во мај оваа година. Проценките се дека свадбата ќе „генерира“ околу 500 милиони фунти (680 милиони долари).

– Сметаме дека околу 200 милиони фунти ќе се донесат од туризам, патувања и хотели, изјави Дејвид Јаи, извршен директор на таа компанија.

- Се очекува луѓе да потрошат околу 150 милиони фунти за забава и прослава тој ден како и 50 милиони од купување маици, капи и други совенири. Дополнителна вредност од венчавката ќе бидат и уште околу 100 милиони фунти од бесплатна промоија на Британија во светот, додава тој. зш/16:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Фејсбук повикува на борба против лажните вести

Социјалната мрежа Фејсбук ги повика своите корисни...

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...