• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Турција не прифаќа „привилегирано партнерство" со ЕУ

Турција не прифаќа „привилегирано партнерство" со ЕУ

Анкара, 13 јануари 2018 (МИА) - Турција нема да прифати „привилегирано партнерство" со Европската Унија, изјави турскиот министер за ЕУ ​​Омер Челик, пренесува „Хуриет Дејли њуз“.

- Ако ни се понуди привилегирано партнерство, ние нема ниту да го разгледаме, туку едноставно ќе го отфрлиме, изјави Челик за телевизијата Хабертурк.

Германски политичари неодамна предложија „привилегирано партнерство" за Турција како алтернатива на нејзиното полноправно членство во Унијата.

- Никој не може да понуди второкласен статус на Турција во односите со ЕУ, рече Челик, истакнувајќи дека неговата земја има јасен став за ова прашање.

Министерот, исто така, го критикуваше еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

- Иако е европски комесар за проширување, тој сака да ги наруши односите меѓу Турција и ЕУ, истакна Челик..

Турција ја поднесе кандидатурата за членство во ЕУ, уште додека таа се викаше Европска економска заедница, во 1987 година.

Преговорите за членство во ЕУ започнаа во 2005 година, но во моментов се во ќор-сокак. Досега земјата отвори 16 од 35 преговарачки поглавја, при што само едно е завршено.

Челик изрази очекување Анкара да го отвори и Поглавјето 23 за правда и фундаментални права, како и Поглавје 24 за правда, слобода и безбедност. ссм/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...