• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Москва: Излегувањето на САД од договорот со Иран ќе наштети на системот за неширење на нуклеарно оружје

Москва: Излегувањето на САД од договорот со Иран ќе наштети на системот за неширење на нуклеарно оружје

Москва, 13 јануари 2018 (МИА) - Евентуалното излегување на САД од нуклеарниот договор со Иран ќе нанесе штета врз режимот на неширење на нуклеарното оружје, посочи денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Трамп синоќа изјави дека ќе го продолжи замрзнувањето на санкциите против Иран за последен пат, за да им даде можност на Вашингтон и неговите европски  сојузници да ги поправат „ужасните дефекти" на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година преку дополнителен договор.

- Перспективите за излегувањето на САД од договорот за Иран ќе нанесат многу сериозен удар врз системот за меѓународно преговарање и зајакнување на режимот за неширење на нуклеарно оружје, изјави Рјабков. ссм/12:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...