• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Сеул го прифати предлогот на Пјонгјанг за „работни преговори“

Сеул го прифати предлогот на Пјонгјанг за „работни преговори“

Сеул, 13 јануари 2018 (МИА) - Јужнокорејската Влада денеска го прифати предлогот на Северна Кореја за одржување „преговори на работно ниво“ на 15 јануари, за испраќање на севернокорејска група од музичари, танчери и други уметници на Зимската олимпијада, што ќе се одржи следниот месец во Јужна Кореја.

Претходно, како што јави МИА, јужнокорејското Министерството за обединување соопшти дека утрово од Северна Кореја добиле предлог за преговори за ова прашање, што би се одржале во севернокорејскиот дел од пограничното место Панмунџом, во павиљонот „Тонгил“, што на корејски јазик значи „обединување“. 

Предлогот на Пјонгјанг уследи откако претходно властите во Сеул предложија на 15 јануари да се одржат разговори за учество на севернокорејска делегација на Зимските олипмписки игрии во Пјеонгчанг.

Северна и Јужна Кореја преговори

Првиот круг од дијалогот за нормализација на односите меѓу двете Кореи се одржа на 9 јануари во местото Панмунџом во демилитаризираната погранична зона, На разговорите беше договорено Северна Кореја на Олмпијадата да испрати своја делегација составена од владини претставници, уметници и демонстратори по таеквондо.

Прашањето за учествоот на севернокорејски спортисти на Олимпијадата, што ќе се одржи од 9 до 25 февруари, се уште не е решено. сп/14:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...