• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

На Крим распореден уште еден руски ракетен дивизион С-400

На Крим распореден уште еден руски ракетен дивизион С-400

Москва, 13 јануари 2018 (МИА) - Дивизион на руската армија опремен со протвовоздушни ракетни системи „С-400 Тримф“ од денеска е вклучен во оперативно дежурство на полуостровот Крим.   

Тоа е втор руски ракетен дивизион С-400 на Крим, по истата таква единицата што беше распредена на полуостровот минатата пролетта во близина на пристанишниот град Феодосија. 

Вториот дивизион е стациониран во Севастопољ и ќе има задача да го контролира воздушниот простор над граничната линија меѓу Крим и Украина. 

„С-400 Триумф“ е модерен систем за протвоздушна и противракетна одбрана, чии ракети имаат дострел до 400 километри. Тоа е систем од најновата генерација руско оружје за противвоздушна одбрана, кое е дел од Вооружените сили на Русија од 2007 година. С-400 е наменет за уништување на авиони, хеликотери и ракети, но може да гаѓа и цели на земја. 

Како што јави МИА, Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година, по што ЕУ и САД воведоа економски санкции кон Русија, непризнавајќи ја анексијата на полуостровот. сп/14:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...