• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Распишан оглас за специјализации и супспецијализации

Распишан оглас за специјализации и супспецијализации

Скопје, 13 јануари 2018 (МИА) - Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распиша јавен оглас за пријавување кандидати за над 100 специјализации и осум супспецијализации за 2018 година.

Може да се аплицира за шест специјализации за нефрологија, по пет  за интерна медицина, општа хирургија, медицинска биохемија, по четири за абдоминална хирургија, анестезиологија со интензивна медицина, гинекологија и акушерство и радиологија, а по три за болничка и за вонболничка педијатрија, дерматоверенологија, епидемиолгија, кардиологија, инфектологија, неврологија,  ортопедија...

Со  огласот, што факултетот го распиша завчера, се предвидени по две супспецијализации за кардиологија, ендокринологија, нефрологија и трауматологија.

Барањето за одобрување на специјализациите заедно со комплетната документација се поднесува од страна на приватната здравствена установа во која е вработен здравствениот работник, односно од невработениот здравствен работник или здравствениот соработник,  најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавување на Огласот, до архивата на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ул. „50 Дивизија“ бр.6, 1000 Скопје, во согласност со одредбите од Законот за здравствената заштита. Активноста е согласно Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование и Правилникот за специјализации и супспецијализации на здравствени работници со високо образование од областа на медицината.

Како што е наведено во делот на огласот за потребните документи за упис на приватна специјализација, цената на чинење за хируршките гранки изнесува 1.600 евра годишно, а за нехируршките 1.280 евра годишно. лв/мд/17:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...