• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Осуммина повредени при експлозија во Скадар (ДПЛ)

Осуммина повредени при експлозија во Скадар (ДПЛ)

Тирана, 13 јануари 2018 (МИА) - Осум лица се ранети денеска при експлозија на ТНТ во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула.

При експлозијата се предизвикани штети на призмениот кат на трговско-деловниот центар, пред кој бил поставен екплозивот.   

Тројца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останати се примени во болницата во Скадар.

Полицијата информира дека меѓу повредените при експлозијата е бизнисменот Кула, кој е сопственик на центарот, како и седуммина случајни минувачи.

Радиотелевизија Црна Гора (РТЦГ) јави дека експлозивот бил поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред комплексот во која се наоѓаат и канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија. 

Според РТЦГ, во време на експлозиајта на местото се затекнала и нејзина екипа, при што е повредена една работичка во медиумот. Таа минала со полесни повреди и по укажаната лекарска помош била отпуштена од болница. сп/17:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...