• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Земан и Драхош се пласираа во вториот круг на претседателските избори во Чешка

Земан и Драхош се пласираа во вториот круг на претседателските избори во Чешка

Прага, 13 јануари 2018 (МИА) - Актуелниот чешкиот претседател Милош Земан и поранешниот прв човек на Чешката академија на науките, Јиржи Драхош ќе ги одмерат силите во вториот круг од претседателските избори во Чешка, што ќе се одржат 26 и 27 јануари, соопшти попладнево Централната изборна комисија во Прага. 

Според преброени над 95 отсто од гласачките ливчиња од првиот круг на изборите, што се одржаа вчера и денеска, Земан освоил 39 отсто од гласовите, додека за Драхош гласале 26,3 проценти од Чесите што го искористија своето избирачко право.

На третото место се пласира поранешниот дипломат Павел Фишер, кој добил околу 10 отсто од гласовите. Останатите шестмина претседателски кандидати освоиле под 10 проценти од гласовите.

За победа во првиот круг на еден претседателски кандидат му е потребно да освои над 50 проценти од гласовите.

Во вториот круг се очекува неизвесна борба меѓу Земан и Драхош, иако анкетите му даваат мала предност на поранешниот прв академик пред актуелниот шеф на државата.

Земан (73) е познат по своите евроскептични ставови, критиките кон ЕУ и противењето на миграцијата, а многумина го обвинуваат и за проруска ориентираност.

Јиржи Драхош

Од друга страна, 68-годишниот Драхош, кој е ново име на чешката политичка сцена, важи за прозападно ориентиран политичар, кој во предизборието ветуваше намалување на поларизираноста на чешкото општество.

И Земан и Драхош на изборите настапија како независни кандидати, Земан ја има поддршката на левата популистичка Партија за права на граѓаните (СПО), што тој ја формираше во 2009 година, додека кандидатурата на Драхош ја поддржаа Христијанската и демокраска унија (КДУ) и либералната партија Градоначалници и независни (СТАН).

Ова се втори директни претседателски избори во Чешка, по оние во 2013 година. Претходно, шефот на чешката држава го избираше Парламнетот. сп/17:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...