• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Александар Антиќ кандидат на српските социјалисти за градоначалник на Белград

Александар Антиќ кандидат на српските социјалисти за градоначалник на Белград

Белград, 13 јануари 2018 (МИА) - На денешната седница на белградскиот Градски одбор на Социјалистичката партија на Србија (СПС), партискиот лидер и шеф на српската дипломатија Ивица Дачиќ го предложи актуелниот министер за енергетика и рударство Александар Антиќ за кандидат на партијата за градоначалник на Белград.

Социјалистите на белградските избори ќе настапат со своја самостојна изборна листа во коалиција со нивниот традиционален партнер Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ - Палма.

Дачиќ изјави дека со српскиот претседател и лидерот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ било договорено на изборите за органите на локалната власт во Белград да настапат со две одделни изборни листи, по што би коалицирале во Градското собрание.

СНС на Вучиќ се уште не го одреди својот кандидат за градоначалник на Белград. На изборната листа на владеачката партија, која ќе биде позната идната недела, како што е најавено, покрај актуелниот градоначалник Синиша Мали, ќе се најдат и познати имиња од културниот и естрадниот живот во Србија. СНС на белградските избори ќе настапи во коалиција со Социјалдемократската партија (СДП) на Расим Љајиќ и Партијата на обединетите пензионери на Србија (ПУПС) на Милан Кркобабиќ.

Од редовите на опозицијата, која има големи очекувања дека ќе победи на белградските избори, досега е највено дека поранепниот градоначалник Драган Ѓилас ќе биде кандидат на Движењето на слободни граѓани (ПСП) на Саша Јанковиќ, а ја доби подршката и од Народната партија на Вук Јеремиќ и од Левицата на Србија на Борко Стефановиќ.

Претседателот на Демократската партија (ДС), Драган Шутановац ќе биде партиски кандидат за градоначалник на Белград, поддржан од Новата партија (Нова) на поранешниот премиер Зоран Живковиќ.

Социјалдемократскиот сојуз (СДС) на поранепниот српски претседател Борис Тадиќ се уште не донесе одлука кого да поддржи, ниту со кого ќе настапи на белградските избори.

Најава за самостоен настапат на изборите дојдоа од Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ и Доста беше (ДЈБ) на Саша Радуловиќ, која се уште преговара со партијата Двери. Кандидатура за градоначалник најави и досегашниот претседател на општината Нови Белград, Александар Шапиќ.

На изборите во главниот град на Србија, граѓаните не избираат градоначалник, туку само гласаат за листите на партиите или коалициите за членови на Собранието на Град Белград, кое потоа го избира градоначалникот. Меѓутоа, непишано правило е повеќето коалиции и партии уште пред изборите да ги најават своите кандидати за градоначалник.

Според најавите изборите за градот Белград ќе бидат распишани во вторник, а законскиот рок за нивно одржување е 23 март. об/сп/18:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...