• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 јануари 2018, 

Вејсели: Косово ќе ги исполни сите свои меѓународни обврски

Вејсели: Косово ќе ги исполни сите свои меѓународни обврски

Приштина, 13 јануари 2018 (МИА) - Претседателот на косовското Собрание, Кадри Вејсели денеска изјави дека Косово е подготвено да ги исполни сите преземени обврски кон меѓународната заедница, вклучитечлно и фукционирањето на Специјалниот суд за воени злосторства.

На средба со американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави, Вејсели нагласи дека Косово ќе ја спроведува агендата на евопските интеграции и дека САД ги смета за свој главен партнер на тој пат.

Вејсели воедно му се заблагодарил на Делави за континуираната поддршка на САД за Косово.

Средбата Вејсели-Делави уследи отако официјален Вашингтон, како што претходно јави МИА, побара од косовските власти да се откажат од идејата за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства извршени од страна на припадници на поранешната Ослободтелна војска на Косово (ОВК).

- Заборавете на идејата за укинување на Специјалнот суд и под итно престанете со активностите за укинување на активноста на овој суд, беше наведено во пораката од Вашингтон.

Американскиот Стејт департмент пак денеска ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам.

САД Амбасада Косово

Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово, 

Во соопштението се додава дека терористите би можеле да нападнат „со мало или без никакво предупредување“ и нивна цел би биле туристички локалитети, транспортни центри, пазари, трговски центри, владини објекти, хотели, клубови, места за богослужба, паркови, спортски и културни настани, образовни установи, аеродроми и други јавни површини.  

Стејт департментот посочува дека во Косово постои и појава на „политички мотивирано насилство“ и им препорачува на американските државјани да ги пререазгледаат плановите за патување во северниот дел од земјата, каде, како што се наведува во соопштението, има „граѓански немири“. 

- Тензиите меѓу заедниците на северот од Косово продолжуваат да поттикнуваат насилство, демонстрации и други видови на немири во Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, се наведува во соопштението.

Стејт департментот и претходно издаваше слични предупредувања до државјаните на САД во Косово. Последен пат ваква „безбедносна порака“ беше објавена минатиот месец поради „можни протести во Приштина како последица на зголемувањето на цената на електричната енергија“. сп/18:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...

Волк побегна од резерват во близина на училиште во британскиот град Рединг

Волк избега од резерват за диви животни, кој е во ...

Харвард работи на „таблета за генијалност"

Научници од Универзитетот Харвард сметаат дека „ск...