• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

ЕУ презема мерки против лажните вести на интернет

ЕУ презема мерки против лажните вести на интернет

Брисел, 14 јануари 2018 (МИА) - Европската комисија соопшти дека иницирала јавно советување за дезинформациите објавувани на интернет и дека формирала експертско тело чија задача ќе биде спречување на ширењето на лажните вести на ниво на ЕУ.

Во соопштението се посочува дека експертската група ја сочинуваат претставници на академската заедница, интернет платформите, медиумите и на граѓанското општество, кои ќе ја советуваат Европската комисија за феноменот на лажните вести и ќе даваат препораки за справување со него.

Стратегијата за борба против ширењето лажни вести на ниво на ЕУ треба да биде презентирана претстојнава пролет.

Резултатите од истражувањето на Евробарометар, објавени на 17 декември 2016 година, покажаа дека европските граѓани се загрижени за независноста на медиумите, но и дека немаат доверба во нив.

Заменик-претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс изјави дека слободата за пристап и објавување на информациите и плурализамот во медиумската сфера се зацртани во Повелбата за фундаментални права на ЕУ.

Франс Тимерманс

- Живееме во време во кое не преплавуваат информации и дезинформации. Затоа на нашите граѓани мораме да им обезбедиме алатки за препознавање на лажните вести и да ги подобриме доверба во интернетот и управувањето со добиените информации, нагласи Тимерманс.

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за единствениот дигитален пазар Андрус Ансип пак смета дека ЕУ треба да изнајде избалансиран пристап меѓу слободата на изразување, медиумскиот плурализам и правата на граѓаните за пристап до разновидни и веродостојни информации.

Европскиот парламент лани усвои Резолуција со која ја повика Еврокомисијата длабински да ја проанализира состојбата и правната рамка во однос на лажните вести и да ја разгледа можноста за законска интервенција со цел да се ограничи ширењето на лажни вести.

Еврокомисијата од своја страна тогаш соопшти дека борбата против лажните вести е нејзин приоритет и дека справувањето со овој феномен ќе биде вклучено во нејзината програма за работа за оваа година. сп/07:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...