• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Катругалос: Решението за името да не биде „средство за иредентизам“

Катругалос: Решението за името да не биде „средство за иредентизам“

Атина, 14 јануари 2018 (МИА) - Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос изјави дека „можното решение за името на грчкиот сосед не смее да биде средство за иредентизам“.

- Ние преговараме за назив којшто ќе направи јасна дистинкција помеѓу историската грчка Македонија и државата чиј главен град е Скопје и нема да служи како средство за територијални амбиции против нашата држава, средство за иредентизам, изјави Катругалос.

Говорејќи за тековната дебата на оваа тема, Катругалос рече дека постои оптимизам „првпат по долго време“, но и оти „нема загарантирано решение“, пренесува МИА.

- Следниот чекор за решавање на проблемот е состанокот помеѓу преговарачите со медијаторот на ОН Метју Нимиц следната среда, рече Катругалос. лв/нд/10:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...