• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Лажен аларм за ракетен напад врз Хаваите

Лажен аларм за ракетен напад врз Хаваите

Хонолулу, 14 јануари 2018 (МИА) - Лажен аларм за опасност од ракетен напад предизвика синоќа паника меѓу жителите на Хавајските Острови.

Засега не е целосно јасно како дошло до објавување на предупредувањето за напад со балистички ракети врз оваа американска сојузна држава во централниот дел на Тихиот Океан, кое е повлечено по 40-тина минути. 

Гувернерот на Хаваите, Дејвид Иџ им се извини на жителите за „болката и паниката“ што ги создал лажниот аларм и вети дека ќе биде извршена целосна проверка на системот за предупредување, со цел во иднина да не дојде до повторување на ваква грешка. 

Спикерот на Државниот парламент на Хаваите, Скот Саики, коменрирајќи го случајот изјави дека очигледно „некој притиснал погрешно копче“. Според него, со ова системот за рано предупредување на опасност од напади ги покажал своите недостатоци.

- Јасно е дека владините агенции не се подготвени и немаат капацитет да се справат со вонредни состојби, оцени Саики.

Белата куќа меѓутоа соопшти дека станувало збор за вежба и дека американскиот претседател Доналд Трамп е целосно запознат со целиот случај.

- Претседателот е запознат со состојбата околу вежбата за вонредни околности на Хаваите. Станува збор за вежба, изјави портпаролката на Белата куќа, Линдзи Волтерс.

хаваи Аларм

По објавувањето на алармот луѓето на Хаваите во паника ги напуштале своите домови во обид да најдат засолниште, но по 38 минути до сите корисници на мобилни телефони е испратено известување дека станува збор за лажно предупредување. 

Американската Федерална агенција за комуникации соопшти дека покренала истрага за случајот.

Како што претходно јави МИА, од минатиот месец, првпат по завршувањето на Студената војна, на Хаваите започна тестирање на сирените за предупредување од атомски напад, како отговор на зголемените закани од развојот на севернокрејската нукеларна и ракетна програма.

Се проценува дека Северна Кореја поседува балистички ракети кои би можеле да погодат цели на Хавајските Острови. сп/08:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...