• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Турција испрати дополнителни сили на границата кон Сирија

Турција испрати дополнителни сили на границата кон Сирија

Анкара, 14 јануари 2018 (МИА) - Турската армија упати дополнителни сили, вклучителчно и тенкови, во реонот долж границата на Турција со Сирија, како засилување на војниците кои веќе се распоредени на тоа подрачје.

Испраќањето на дополнителни војници и опрема на границата со Сирија уследи откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера се закани со уништување на силите на сириските Курди.

- Доколку терористите во Африн не се предадат, Турција ќе ги уништи за една недела, изјави Ердоган на собир во турскиот округ Елјазаг.

Набргу по заканата на Ердоган, турските сили извршиле артилериски напади врз позициите на Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн во северна Сирија.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листите на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.

Силите за заштита на народот се дел од антиџахдистичката колаиција во Сирија, која има поддршка на САД, но Турција одбива соработка со нив и изминативе месеци во неколку наврати се закануваше со воена операција против борците на сириските Курди. сп/08:42

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...