• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Обама: Социјалните мрежи ја поларизираат политиката

Обама: Социјалните мрежи ја поларизираат политиката

Вашингтон, 14 јануари 2018 (МИА) - Русија го злоупотреби недостатокот од доверба на Американците кон основните факти за да се инволвира во демократските процеси на САД, оцени поранешниот американски претседател Барак Обама при гостување во шоуто на Дејвид Летерман. 

- Ние живееме во целосно различни информациски универзуми. Ако гледате Фокс њуз живеете на друга планета, за разлика од слушателите на (националното радио) Ен-Пи-Ар, истакна Обама, коментирајќи ги поплаките на американскиот претседател Доналд Трамп за ширењето лажни вести и одговарајќи на прашањето дали мешање на странски актери во претседателските избори во 2016 е многу поголема закана за САД.

Осврнувајќи се на улогата на социјалните мрежи во изградбата на ставовите на луѓето, Обама изјави дека спротивно од нивната првична намена, кога социјалните мрежи служеа да го поврзат светот и кога беа искористени ефективно во неговата изборна кампања во 2007 година, променетите алгоритми на овие мрежи ги потврдија и опасно ги засилија предрасудите на корисниците, независно од нивната политичка определба.

- Токму тоа се случува на оние Фејсбук страници, каде се повеќе луѓе главно ги добиваат вестите. Во одреден момент се наоѓаш себеси затворен во меур и донекаде поради тоа политиката денес е толку поларизирана, оцени поранешниот американски претседател.

Учеството на Обама во Шоуто на  Летерман, што сега се емитува на стриминг сервисот Нетфликс, беше негово прво телевизиско интервју откако ја напушти Белата куќа пред една година. 

Во новото 60-минутното шоу на Летерман, наречено „Мојот следен гостин нема потреба од најава“ најавени е гостување на ексклузивни гости како актерот Џорџ Клуни, реперот Џеј Зи, комичарката Тина Феј и добитничката на Нобелова награда, Малала Јусафзаи. бкв/сп/09:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...