• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Осуммина загинати при пожар во зграда во Португалија

Осуммина загинати при пожар во зграда во Португалија

Лисабон, 14 јанауари 2018 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа, а околу 50 други се повредени, при пожар што избувна минатата ноќ во двокатана зграда во градот Виља Нова да Раиња во северниот дел на Португалија.

Португалската Агенција за цивилна заштита соопшти дека пожарот во зградата, во која се се наоѓа седиштето на здружение на локалните жители, бил предизвикан од експлозија на шпорет. 

Во време на инцидентот, во зградата се наоѓале над 60 луѓе, кои присуствувале на аматерски турнир во играње карти.

По избувнувањето на пожарот, објектот се ислонил со густ црн чад, поради што луѓето во паника се упатиле кон излезот на зградата, при што се создало човечко стампедо, при што настанеле и најголемиот дел од повредите.

Во гаснењето на пожарот учествувале десетина противпожарни возила и два хеликоптери. сп/09:50

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...