• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Израелски воздушни напади врз Појасот Газа

Израелски воздушни напади врз Појасот Газа

Ерусалим, 14 јануари 2018 (МИА) - Авиони на израелското Воено воздухопловство денеска извршија напади врз позиции на палестинското екстремистичко Исламско движење на отпорот (Хамас) во Појасот Газа.

Како што соопшти израелската армија, цел на воздушните напади била „терористичката инфрастуктура“ во Појасот Газа.

- Терористичката организација Хамас е одговрна за се што се случува во Појасот Газа, се наведува во армиското соопштение, алудријќи на зачестените ракетни напади од оваа територија врз јужниот дел на Израел.  

Според извори во израелската армија, при нападите бил уништен подземен тунел кој минувал под преминот „Керем Шалом“ на границата меѓу Појасот Газа и Израел.

Тунелот започнувал источно од местото Рафах и завршувал во Израел, при што 180 метри од него бил на израелска територија. Ова е трет тунел што го уништува израелската армија од октомври минатата година. 

Нема информации за жртви при последните напади,

Палестинците ги користат овие тунели за уфрлување терористи кои извршуваат напади на израелска територија, но и за шверц на различни стоки, вклучително и гас и безнин.

Последен пат израелската армија изврши напади врз Појасот Газа на 4 јануари, како одговор на истрелувањето на три ракети врз територијата на Израел. сп/10:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...