• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 јануари 2018 (МИА)На 13.01.2018 година во 17.15 часот во Охрид, дошло до меѓусебна расправија помеѓу А.Х. (55) од Охрид и неговиот роднина У. Х. (60), при што А. Х. со нож го прободел У. Х. во пределот на раката и главата. Повредениот бил пренесен во Медицински центар -Охрид, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничкиот центар-Скопје,додека А.Х бил приведен во СВР-Охрид.

На 14.01 околу 4.30 часот две лица од Тетово О.С.(22) и С.С.(22) во Полициската станица во Тетово пријавиле „насилство“ од 17-годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица. Според пријавата, додека двајцата пријавители со уште една девојка околу 2.15 часот се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата. Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест. Двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница. Се работи на расчистување на случајот.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И (43) од струшкото село Велешта. Пријавениот, во неколку наврати на М.М (24) од Охрид и се заканувал дека ќе објави непристојни компромитирачки фотографии и видео материјал доколу не прифати љубовна врска.

На 12-13.01.2018 година во времето од 16.00 до 07.00 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одзеле картонски кутии во кои имало пари. Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари , а СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот.

На 13.01.2018 година од 07,05 часот на неопределено време, само за викендите, ќе биде воспоставен патничкиот железнички сообраќај помеѓу Република Македонија и Република Грција, кој до сега беше во прекин, додека во работните денови (од понеделник до петок) експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да сообраќаат, туку начинот на превоз на патниците ќе се одвива како и досега со автобуски превоз.

На 13.01.2018 година во 19.20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена“ во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“, кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер“. Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите. При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници. Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

На 13.01.2018 година во 16.45 часот пријавено е дека во хотел во Скопје, настанала расправија меѓу К.Д. и И.Д. (55) од Скопје, при што К.Д. го удрил И.Д. во пределот на лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. нд/11:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...