• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Потона иранскиот танкер што плуташе кај кинескиот брег

Потона иранскиот танкер што плуташе кај кинескиот брег

Пекинг, 14 јануари 2018 (МИА) - Иранскиот нафтен танкер „Санчи“, кој оштетен плуташе крај бреговите на Кина, одеднаш пламна и потона, јави АФП.

Кинеската Државна океанска администрација соопшти дека по пожарот танкерот „целосно потонал“.

Танкерот, кој пренесуваше 136.000 тони иранска нафта, на 6 јануари во водите на Источното Кинески Море се суди со хонгкошки товарен брод.

По ова, оштетентиот танкер плуташе крај бреговите на Кина без неговиот екипаж, чии членови се водат како исчезнати.  

Спасувачките екипи досега пронајдоа три тела на танкерот, за кои се препоставува дека им припаѓаат на некои од членови на 32-члениот екипаж на бродот. сп/11:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...