• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Каменос бара референдум за името

Каменос бара референдум за името

Атина, 14 јануари 2018 (МИА) - За референдум во Грција, позициите за името, барањето терминот Македонија да не биде вклучен во сложеното име, пишува меѓу другото, лидерот на Независни Грци Панос Каменос, во неговата колумна за неделнот издание на весникот „Димократиа“.

- Грчкиот народ ќе треба да одлучи за ова, без преседан во историјата на човештвото, отстапување на истријата и културата на друг народ.- пишува Каменос и објаснува дека секое е вклучување на термниот Македонија во името би значело пад на грчката култура, историја, уметност и сл.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, коалицискиот партнер во грчката влада, вели дека „одлуката за вклучување на терминот Македонија, ги надминува овластувањата на било кој политичар“.

Панос Каменос во колумната за „Димократиа“, пишува дека владата говори за сложено име со географска одредница, но во програмата на Ципрас, презентирана на почетокот на премиерскиот мандат, никаде, според Каменос, не е споменато дека сложеното име би го вклучило и терминот Македонија.

Кон крајот на октомври минатата година, говорејќи во Солун, Панос Каменос, рече дека поребно е да се распише референдум и во Грција за името, а три месеци подоцна, одново го споменува неговото барање. Претставници на грчката влада од редовите на СИРИЗА, во изминатиот период велеа дека нема да биде потребно одржување референдум во Грција. ср/нд/12:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...