• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

Дебар, 14 јануари 2018 (МИА) - Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.

- Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, пренесува електронското издание на „Илинден“ единствениот весник на македонски јазик во Албанија.

Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец... домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.

Весникот наведува дека Македонците сега се подготвуваат за големиот празник Водици.

Честитка по повод Стара Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба. вт/нд/12:35

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...