• A-
  • A
  • A+
недела, 21 јануари 2018, 

Истражување на јавното мислење во Грција: 68 отсто од Грците против терминот Македонија

Истражување на јавното мислење во Грција: 68 отсто од Грците против терминот Македонија

Атина, 14 јануари 2018 (МИА) - Ρечиси седум од десет Грци не се согласуваат терминот Македонија да биде вклучен во името, јави дописникот на МИА од Атина.

Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија. Позитивен одговор, дале само 23.6 проценти од анкетираните .

- Не го сака грчкото општество, од Еврос до Крит, ниту пак поддржувачите на СИРИЗА (64 отсто). 68 отсто НЕ за име со Македонија, пишува неделникот „Прото тема“ на насловната страна, во однос на спроведената анкета.

Од оние кои одговориле негативно на прашањето за терминот Македонија, според резултатите, 63.8 отсто се гласачи на владејачката СИРИЗА, а слична е климата и кај оние кои на изборите во 2015 гласале за опозициската Нова демократија, 67 отсто се против зборот „Македонија“. ср/нд/13:05

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Во Лондон одложен лет поради пијан пилот

Авион на „Бритиш ервејз“ со два часа задоцнување п...

Том Пети починал од случајно предозирање со аналгетици

Познатиот американски музичар Том Пети починал од ...

Ким Кардашиан ги разбесни фановите со новата фотографија

Најпознатата старлета во светот Ким Кардашиан обја...

И Путин скокаше по крстот

Рускиот претседател Владмир Путин (65) денеска ско...

Папата венча стјуардеса и стјуард во авион

Папата Франциско ги венчаше стјуардесата и стјуард...