• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

Путин: Се надевам дека ќе им здодее политика на санкции

Путин: Се надевам дека ќе им здодее политика на санкции

Москва, 9 февруари 2018 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин очекува дека „политиката на санкции“ наскоро ќе им здодее на нејзините идeолози.

- Верувам дека наскоро ќе им здодее. И понатаму се надевам дека, некако, ќе оствариме нормални односи, рече Путин на конгресот на Руската унија на индустријалци и претприемачи.

Путин го привлече вниманието на бизнис заедницата поради, како што наведуваат руските медиуми, „фактот дека Русија влегува во многу сложен, драматичен и важен период од својот развој“.

- Вие и јас сме свесни за надворешните рестрикции. Нема детално да се занимавам со нив. Само ќе кажам дека нашиот став е добро познат: политиката на вештачки рестрикции во меѓународните деловни односи е ќорсокак, кој доведува до директни загуби за сите, вклучувајќи ги и иницијаторите на политиките, истакна Путин.

Тој додаде дека странските фирми го делат тој став. јт/ми/15:57

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ