• A-
  • A
  • A+
недела, 18 февруари 2018, 

Трамп: И Израел и Палестниците треба да направат „значителни компромиси“ за да постигнат мир

Трамп: И Израел и Палестниците треба да направат „значителни компромиси“ за да постигнат мир

Ерусалим, 9 февруари 2018 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел исто така треба да направи „значителни компромиси“ за да се постигне мир со Палестинците.

Во интервју за конзервативниот израелски весник „Хајом“, кое интегрално треба да биде објавено в недела, Трамп ја опишува својата одлука да го признае Ерусалим за главен град на Израел како „врвна точка“ на првата година од својот мандат.

- Сакав да стане јасно дека Ерусалим е главен град на Израел. Што се однесува на конкретните граници, ќе дадам целосна поддршка за она, за кое двете страни ќе се договорат меѓу себе, рече тој.

- Мислам дека двете страни треба да направат значителни компромиси, за да биде можно постигнување мировен договор, додаде тој без да прецизира какви отстапки има предвид. јт/ми/16:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.