• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

На Тајланд уапсен Русин коосновач на голема мрежа за кибер криминал

На Тајланд уапсен Русин коосновач на голема мрежа за кибер криминал

Бангкок, 9 февруари 2018 (МИА) - Коосновачот на големата меѓународна мрежа за кибер криминал, Русинот Сергеј Медведев, е уапсен на Тајланд по потерница издадена од САД, соопшти локалната полиција.

Медведев (31) е обвинет дека создал хакерска мрежа, специјализирана за кражба и препродажба на банкарски информации, како и на други лични податоци од интернет.

Русинот шест години редовно одел како турист во Тајланд, слично како многу криминалци, активни или „во пензија“. Според американските власти, мрежата Инфрод, чиј коосновач е Медведев, предизвикала штета во висина од 530 милиони долари.

Во САД завчера беа покренати обвиненија потив 36 членови на криминална група по бранот апсења извршени во земјата и во Велика Британија, Франција, Италија, Косово, Србија и Австралија.

Засега на слобода е само соработникот на Медведев, Свјатослав Бондаренко.

Хакерската мрежа била создадена во 2010 година во Украина под мотото „Ние веруваме во измама“. Таа постепено се зголемувала и се претворија во сајт број еден за онлајн купување со крадени банкарски податоци. Мрежата имала повеќе од 10.000 корисници кои биле одобрени од нејзините креатори, а се занимавала и со трговија со биткоини. јт/сп/17:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ