• A-
  • A
  • A+
среда, 21 февруари 2018, 

По даночните реформи, банкарите очекуваат побрз раст на американската економија

По даночните реформи, банкарите очекуваат побрз раст на американската економија

Њујорк, 9 февруари 2018 (МИА) - Банката „Џеј Пи Морган Чејс“ во својата нова проценка го зголеми очекуваниот раст на американската економија во 2018 година на 2,6 проценти, од претходно предвидените 2,2 отсто.

Во 2019 година, „Џеј Пи Морган Чеј“с очекува американската економија да порасне за 1,9 проценти, наспроти претходното предвидување од 1,6 отсто.

Проценката доаѓа по намалувањето на даноците што го воведе Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Двете најголеми партии во САД постигнаа согласност и за буџетот, во кој е предвидено зголемување на трошоците, како за армијата, така и за некои од социјалните програми, со што дефицитот е проектиран да достигне трилион долари годишно.

Гласањето за буџетот ја деблокираше федералната власт на САД, која се соочи со блокада откако истече привремената мерка за финансирање. цч/сп/19:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.