• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

НАТО планира формирање два нови командни центри

НАТО планира формирање два нови командни центри

Брисел, 9 февруари 2018 (МИА) - НАТО разгледува планови за формирање два нови командни центри, како одговор на „руската анексија на Крим и јакнењето на влијанието на Русија во Европа“, соопшти извор од седиштето на Алијансата во Брисел.

Според него, станува збор за команда на поморските сили и команден центар за логистика, кои би требало да овозможат брзо прераспоредување на силите на НАТО во Европа во случај на потенцијален конфликт. 

Решението за формирање на новите командни центри се уште не е официјално донесено, но американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис веќе разговарал со своите колеги од НАТО за евенталните седишта на двете команди. 

Воени бродови

Изворот наведува дека неколку земји, меѓу кои и Германија, САД, Португалија и Полска, веќе понудиле командите да бидат стационирани на нивна територија, додавајќи дека конечната одлука ќе биде донесена на Самитот на НАТО во јули годинава.

Сепак, според изворот од НАТО, седиштето на едната команда најверојатно ќе биде во Норфолк во американската сојузна држава Вирџинија, а на втората во германските градови Улм или Келн.

Формирањето на двата нови командни центри со над 1.500 војници и офицери би претставувало најголемо проширување на капацитетите на НАТО во последниве две децении. сп/18:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.