• A-
  • A
  • A+
вторник, 20 февруари 2018, 

Во Хрватска ќе се отвори центар за лекување со медицински канабис

Во Хрватска ќе се отвори центар за лекување со медицински канабис

Загреб, 9 февруари 2018 (МИА) - Во Хрватска наскоро ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис. Центарот ќе биде лоциран во реонот на бањата Свети Мартин, северна Хрватска.

Терапијата со канабис првенствено ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, додека од април центарот ќе биде достапен и за други лица.

- Тука нема ништо незаконско, маслото од канабис ќе се користи само за медицински цели, соопштија од центарот.

Лекувањето ќе чини околу 400 евра дневно, но и покрај високата цена постои голем интерес за третманот со медицински канабис. Центарот очекува гости од Европа, САД и од арапските држави. ми/19:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ